Поставување на светот наопаку

Преданието почнува како и секоја друга љубовна приказна. Најубавото момче, пред да замине на печалба, се свршило со најубавата мома во селото. На печалба, работејќи на висока зграда, паднало и си го унакажало лицето. Кога зимата се враќале кон Вевчани, момчето ги замолило другарите да се маскираат и да си ги сокријат лицата за да може неговата свршеница полесно да свикне на неговиот нагрден лик. Од таа пријателска услуга, настанал карневалот.
| Површина: |
35 км2 |
| Број на жители: |
2433, 550 домаќинства. |
| Време: |
12/13 јанури 2010 - ПРОГРАМА. |
| Н. висина: |
800-950 м. |
| Пр. реткости : |
Глечерско езеро Локва, Маркова стапка. |
| Регион: |
Струга, во југозападниот дел на Македонија. |
| Стартно место: |
Средсело |
|
Рута: Горна и Долна мaала, Вевчански извори, |
|
Внимание: Пасошот и „личници“ се купуваат како сувенири. Тура: Добредојден секој, со опасност да биде "залиен со ракија и црвено вино". |
|
Варијанта А: За Василица ништо не се случува по сценарио и протокол. Целото село, куќите се сцена, а сите луѓе се актери или публика. Попладнето, се создаваат две тајфи - горномаалска и долномаалска, кои на сретсело ги покажуваат своите „беснотилаци“, а вечерта одат по куќите и честитаат Нова година. Штом се зафати денот, василичарите повторно тргнуваат по куќите на честитање кај сите што се викаат Васил. Попладне, василичарскиот хаос завршува со оро на средсело, кога и се спалуваат маските.
| |
Број на посетители: 1-5 6-15 15-40 Цена по лице: 2.300 денари 1.200 денари 1.000 денари Турата содржи: превоз, ручек, водич Термини: По договор |