Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
ВЕЛИГДЕНСКА

О т  П р и л е п

Шетал Марко низ гора зелена,
Што ми шетал три дни и три ноќа,
Не можит вода да ми најдит,
Ни за пиет, ни да се измиет,
Ни за себе, ни за брза коња.
Па говори Марко Кралевике:
„Варај горо, горо Димна - горо!
Камо ти вода да се напиам,
Немаш да пиам, ни да се измиам
Да би ми те ветар исушило!
Да би ми те сонце изгорило!”
Димна гора Маркое говореше:
„Ајти Марко, ајти добар јунак!
Немој к'лни гора Димна – гора
Tуку к'лни стара Самовила,
Што собрала седумдесет клаенци;
Да иснесла на врф на планина,
Да продаат еден бардак вода
Еден бардак за црните очи.”
Марко ли си с коња говореше:
„Ајти коњу, мое мило добро!
Али можиш ти да ме изнесиш,
Да отепам стара Самовила,
Да растурам седумдесет клаенци?”
Коња Марку ли му говореше:
 „Подстегни ме с дванаесет колани,
Двата ние да се обидеме.”
И му стегна дванаесет колани,
И г' изнесе ва врф на планина;
Да отепа стара Самовила,
И растури седумдесет клаенци.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved