Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

За просторите и приказните....

За потеклото и значењето на името и титулата на кралот Марко постојат различни мислења. Според некои истражувачи, формата Марко Крале не е деминутивна, туку патронимска и го означува Марко како „син на кралот“.


Секој простор и секое време имаат своја приказна, секоја убава на свој начин, интересна и богата со несекојдневни настани, судбини, со емоциите и фантазиите на луѓето, ликови од минатото и сегашноста...

Некои простори своите приказни ги нудат веднаш, на секоја средба тие почнуваат да раскажуваат, редат зборови и слики, будат сеќавања, ...

Други, пак, пленат во својата мудра молчаливост, бараат повеќе од обично присуство, тие бараат учество и умешност на посетителот... да ја побара приказната наоколу, да го поткрене каменот, да се загледа во изворот, во грубата кора на дрвото, во нежните ливчиња на цветот, да го чуе ветерот, но и длабоката тишина на пештерите и старите шуми, со поглед да ги зароби високите врвови, да му се насмевне на сонцето, да ги дофати месечината и ѕвездите....И тогаш ќе почнат да извираат необичните светови, безбројни и неверојатни, кои со својата посебност ќе ја наградат неговата истрајност.

Ако сте подготвени да чуете и дознаете, започнете ја играта на откривање, посетете го секое парче и најдалечно место од оваа земја на Крале Марко, полека и со трпение прочитајте го секое поглавје од приказната на Македонија.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved