Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

Добредојдовте во KingMarkoLand

Тука е некаде и вашиот принц


Сте чуле за маѓепсаните принцови, оние престорените во жаби? А, знаете каде живеат? Сигурно се прашувате каде царуваат, копнеат, сонуваат...Сега и тука ќе ви ја откриеме тајната, ширум ќе ви ги отвориме портите од нивното царство, сместено длабоко во срцето на Балканот ...

Повелете во KingMarkoLand, земјата на магијата, на легендите, на (не)возможните светови...

Тука, каде душите на предците се здомиле во ликот на жабата, а самовилите го заробиле духот на природата и со своите песни и танци ги исполнуваат широките ливади и длабоките шуми. Со својата убавина, овие посестрими на Крале Марко, го бележат секој простор со светост, нудејќи шанса за мистично искуство, несекојдневна авантура во оваа земја на митски и епски подвизи, земја на јунаци...

Дојдете во нашиот дом, патувајте низ одаите на сопствената фантазија, а кога ќе исчезне превезот на магијата, откријте дека патиштата ве одвеле во една поубава стварност.


 

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved