Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

ДЕБАР


Гури Спу (дупен камен). Помеѓу Долни и Горни Дебар, на еден саат оддалеченост од градот, се наоѓа еден тесен и два метра висок камен, од дебарчани наречен Гури Спу или Дупен Камен. Постои легенда за овој камен, поврзана со Крале Марко. Народот раскажува дека еден ден овој јунак, одејќи на пат за Долни Дебар, го натерал коњот Шарец пеливан да удри со поткованото копито во каменот. Шарец сторил како што му било кажано и каменот се дупнал од ударот. Тогаш Крале Марко рипнал и плукнал врз каменот. Каменот повторно се дупнал. Велат дека Марко го сторил ова за да покаже дека е посилен од коњот Шарец.

Марково кале

Манастир Св. Јован Бигорски. Дел од историјата на овој манастир се поврзува со владеењето на синовите на В'лкашин, особено на Андреаш. Потврда се трагите од материјална култура од овој период, коишто се откриени во пределот на реката Треска, Брод, Кичево и месноста на овој манастир.


Марково стопало, Галичник. Постои место во облик на стопало за кое се верува дека е трага од Крале Марко. Селаните веруваат дека дождовната вода што се собира на ова место е лековита за очи.

Маркова стопалка" Тресонче. Над Рофјосан камен во близина на еден друг извор што се вика Студена водица, се гледа голема вдлабнатина врз површината на една карпа. Таа стапалка (стопалка) демек била на Крале Марко, а како потврда за веродостојноста на преданието, на другата страна од долината, под врвот Брзовец тресончани нашле уште една вдлабнатина, која е всушност од другата нога на Крале Марко. Растојанието меѓу двете стапалки е околу два-три километри воздушна линија, а во долината меѓу планините минува Тресонечка река, а кањонот е длабок неколку стотина метри. Ете, колку бил голем и силен овој јунак!

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved