Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден
 

Легенда за манастирот Св. Андреја

Локалното население има интересна легенда за настанокот на манастирот Св. Андреја. Таа неминовно е поврзана со херојството на Крале Марко и неговите подвизи во борбата против Османлиите. Како што вели преданието, по Косовската битка во 1389 година, кралот Марко заедно со брат му Андреја се враќале по патот долж течението на р. Треска. На местото на на денешната црква имало меана, и токму тука, жедни и уморни, браќата решиле да се одморат. Прв во меаната влегол Андреја, додека Марко решил да го почека надвор со коњите. Но внатре го чекало изненадување. Меаната била полна со Турци, кои го нападнале и убиле. Марко вознемирен од долгото чекање решил да го побара брата си. Наоѓајќи го мртов, ги убива виновниците, а брата си го погребува на местото на злосторот. Токму на тоа место Марко решава да изгради црква во спомен на својот брат Андреја.

Андриашки двери  Матка

Единствени зачувани двери од нашата територија који со сигурност можат да се стават во среден век се таканаречените Андријашките двери. Се мисли дека му припаѓале на манастирот св. Андријаш,  но не е сигурно. Најдени се во црквата св. Никола  /Денес св. Атанасиј / во село Шишево. Тука биле сместени и други работи од соседните опустошени манастири и цркви.  Андријашките двери се релативно ниски 127 см. Горниот лачен дел завршува со мали столбчиња. Секое крило е поделено на два еднакви дела:  долниот скоро квадратен,  далеку помал 15 x 16 см. горниот поголем,  правоаголен со завршеток во облик на триаголник чија една страна е лачна 15,5 x 82 см.  Двата дела се усечени и урамени со лесно закосен оквир широк 5,5 см.  Над лачниот дел 8,5 – 9 см.  од бочните страни на рамката накнадно е додадена,  подметната кожа,  во вид на тенка трака 5,5 см.  шитока со двострук преплет, помал и поголем. Траката е делумно зачувана, недостасува потполн орнамент во квадратните полиња,  кој исто така е накнадно додаден.  Доминантни кај овие двери се двете фигуре од композицијата “Благовестие” /Богородица и Архангел Гаврил/ кои се изведени во цел раст релјефно. Двата лика зафаќаат поголемдел од просторот на двете крила и првобитно биле обоени. Двете фигуре се дадени во смирен став, Ангелот застанат со мирен ход, со крилата вертикално ставени до телото, со десната рака свиткана во лактот, благословува, а левата опуштена држи весничка палица. Свртен е во трочетврт кон Богородица која стои со главата наведната на десното рамо,  десната рака свиткана во лактот и припиена до телото се појавува само раката кон десното раме, опуштена лесно свиткана во која држи вретено.  Рељефот е релативно плиток 0,05 см. бил пресвлечен со гипс кој потоа бил обоен. Боите денеска се воглавном пропаднати, трагите едвај се гледаат,  а она што е останато е потемнето.  На лицето на Ангелот се надѕираат темножолти бои, крилата биле црвени, а облеката темно зелена.  Од истата боја е и облеката на Богородица.  На позадината се гледаат траги од темномрка боја, остатоци од лепак, на кој било прицврстено златото за подлога, се надѕираат и траги од црвена боја. Фигурите се издолжени,  главата несразмерно мала, нозете долги, витки.  За жал не се знае ништо за уметникот кој го создал ова дело.  Денеска Андријевите двери се наоѓаат во Народен Музеј Белград.

Манастир Св. Андреја, Maтка  

До него можело да се стигне низводно по реката Треска со чамец. Чамецот се оствал долу, а до него се качувале со корпи. Траги од клинови по кои поминувало јажето од корпите се сочувани до ден денес

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved