Сувенири

КАЛЕНДАР www.365.4d.mk
да
не
можеби
Тимот на KINGMARKOLAND Ви посакува убав ден

Природа, неповторлива креација

Наше село Малешево Од три страни сонце грее, Од четврта-месечина

Не бледеат сеќавањата на оној кој ја искусил убавината на Македонија, го сетил раскошот на нејзините пејзажи, на оние безброј мали космоси каде Творецот ги вложил сета своја фантазија и љубов во создавање на единствени слики, кои ги облагородуваат сетилата и душата.

Височините и длабочините, бајковните пространства, таинствените пештери кои водат во утробата на родилката, сите бои на виножитото, брзите планински реки, мирните молитвени езерски води, танцот на возбудената пеперуга, драматичната песна на птицата, сите неуморно го слават исконот, креацијата, се сплотуваат во вечноста.




Македонија е земја за секого... за најстрасните истражувачи и авантуристи, за тивките трагачи по романтика, за секој оној кој тргнал по патеката на неповторливите искуства.

Македонија се наоѓа на самиот врв на листата на држави познати како Европски хотспот (жариштa), 18.000 различни единки на флората и фауната, од кои 900 видови се македонски ендемити, 3 национални парка, 10 специјални резервати, 2 предела со посебна природна убавина, 48 вида птици, 55 споменици на природата и 3 меморијални споменици на природата. Eвидентирани се уште: 2 национални парка, 9 строги природни резервати, 18 научноистражувачки природни резервати, 15 предели со посебни природни карактеристики, 25 карактеристични пејзажи, 17 посебни природни резервати, 150 поединечни растителни видови, 63 растителни видови по групи, 45 помали групи растителни видови во одделни подрачја и 45 растителни видови култивирани во градските и приградските подрачја, 247 животински видови од кои птици 218, инсекти 9, водоземци 4, рептили 13, потоа 152 споменици на природата од кои геолошки и минеролошко- петрографски 24, геоморфолошки 19, хидрографски 77, ботанички 32 и меморијални 24.

| |
(c) Copyright 2008, Krale Marko, All Rights Reserved